МК Сцена
Ник Џонас и Пријанка Чопра се вериле на нејзиниот 36-ти роденден
Пријанка Чопра и Ник Џонас се вериле пред една недела, тврди „Пипл“. Дваесет и пет годишниот пејач и предложил брак за време на нејзиниот роденден.
Кога тоа се случило, Ник и Пријанка, кои излегуваат два месеца, биле во Лондон. Џонас подготвил прстен, набавен од „Тифанис“ во Њујорк, објави извор на весникот.
– Тие се толку среќни, изјавил близок на двојката.




