МК Сцена
Во понеделник голема дружба со финалистите од шоуто „Х Фактор“ во Сити Мол
На 15 јуни, понеделник, финалистите од најгледаното музичко шоу X-фактор Адриа доаѓаат во Скопје Сити Мол.
X-фактор АДРИА e меѓународна емисија за таленти со балканска продукција. Иако емисијата се снима во Србија, аудициите се одржани и во Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, Хрватска што ја прави оваа емисија регионална. Како и оригиналниот британски Х-фактор, така и овој е музичко натпреварување за пронаоѓање на нови музички таленти.
