МК Сцена
НОВА СЕЗОНА НА „АФТЕРВОРК“ ЗАБАВИ: Саша Ковачевиќ во „Дежаву“ овој петок!
Четвртата сезона на дефинитивно најпопуларните „афтерворк“ забави во Скопје, па дури и во Македонија започнува овој петок, со настапот на балканската мегаѕвезда Саша Ковачевиќ во кафулето „Дежаву“ во Аеродром.
Од менаџментот на „Дежаву“ и оваа сезона најавуваатт големи балкански музички звезди и диџеи од светски калибар.
Скопјани со душа чекаат да стартуваат овие петочни забави кои градската монотонија и сивилото на ноќниот живот го обоија во боите на добрите журки кои во 4-тата сезона се најавува дека ќе бидат уште поголеми и подобри.





