МК Сцена
Новогодишен базар „Подари среќа“ на улица „Македонија“
Детска програма, музика и можност за купување подароци за претстојните празници ќе понуди новогодишниот базар „Подари среќа“, кој од денеска до 31 декември ќе се одржува на улицата „Македонија“.
Организатор е Конгресниот центар „Александар Македонски“, а покровител Град Скопје.
За најмалите е подготвена детска програма, секој ден од 10 до 13 часот. Предвидена е новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на учесниците на детските фестивали „Поточиња“ и „Златно Славејче“, многу детски игри, изведба на претставата „Брашко“, дружба со Петко, настап на магионичарот Кристијан.




