Музика
Ова се најпродаваните песни за 2016 година!
Годината што изминува беше полна со музички проекти, а кога станува збор за заработувачката, на тој список на врвот е Џастин Тимберлејк со песната „Cant’ Stop the Feeling!“.
Најпродаваниот дигитален хит е објавен во мај, продаден во 2.438.000 примероци, а снимен за потребите на анимираниот филм “Тролови“.
На второ место на списокот според податоците на агенцијата Нилсен, се најде познатиот американски рапер Флорајда со песната My House и 2.217.000 продадени копии. Потоа дуото „The Chainsmokers“ и нивниот голем хит Closer.




