МК Сцена
Од 16 до 18 септември 10. „Штипска пастрмалијада“
Почнаа подготовките за манифестацијата „Штипска пастрмалијада“, која ќе се одржи на 16,17 и 18 септември годинава.
Портпаролот на општина Штип Драган Ристов на денешната прес-конференција најави дека и годинава со вкусната штипска пастрмајлија и вино гостите ќе ги забавуваат познати музичари од земјава, но и балкански ѕвезди. Главни гости се ЈУ група, Рибја чорба и Здравко Чолиќ.
– Првата вечер, во петок на 16 септември ќе настапат Ристо Самарџиев, Александра Јанева и Момо Николовски, а главен изведувач е рок составот ЈУ група. Следниот ден, на 17 септември ќе ги видиме Силви бенд, Куртиш бенд и Јордан Митев, а потоа како главен изведувач е уште еден познат рок состав, „Рибја чорба“. Финалето на „Пастрмалијада 2016“ ќе биде во недела, на 18 септември со настап на Антонија Гиговска, Мартија Станојковиќ, Мартинијан Кириловски, HQ Bend и Ферус Мустафов. Вечерта ќе настапи поп пејачот Здравко Чолиќ, рече Ристов.




