МК Сцена
ЏОН ЊУМАН: Од скромно момче, до човек кој ги соборува сите рекорди во музиката
John Newman, англиската соул ѕвезда и еден од најбараните пејачи на денешницата, за прв пат ќе настапи на 21 јуни во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“.
Во својата кратка, но исклучително успешна кариера, John Newman запиша импресивен број на хитови- солистички и како соработник со други артисти. Неговата кариера почнала уште во тинејџерските години, а ескалираше со песната „Feel the love“ со бендот Rudimental, каде постигна светска слава, додека неговиот дебитантски албум, насловен „Tribute“ се искачи на врвот на британската топ листа на албуми и доби платинесто издание.
Еден од најпопуларните музичари на денешницата, John Newman, со секоја нова песна не се симнува од светските топ листи, а во Скопје доаѓа на крилја со новиот албум „Revolve“, каде македонската публика премиерно ќе може да слушне неколку песни што досега овој пејач ги немал изведено во живо.




