Музика
„One Direction” ќе паузира една година
Исклучително успешниот бенд „One Direction“ ќе направи пауза од една година, со цел членовите да бидат во можност да се посветат на индивидуалните интереси, објави денеска британскиот „Сан” .
Паузата ќе се случи откако бендот, кој претходно оваа година остана без еден член откако Зејн Малик се повлече од музиката, ќе го објави својот петти албум во март. “
„Овие момци се заедно веќе пет години, што е извонредно достигнување за било кој „бојс бенд“, изјави неименуван извор за Сан.




