Музика
Јонида Малиќи претставник на Албанија на Евросонг
Познатата албанска пеачка Јонида Малиќи, со песната „Врати се во земјата“ќе ја претставува Албанија на „Евровизија 2019“, што ќе се одржи во Тел Авив, Израел.
Тема на песната е емиграцијата. Автор на текстот и музиката е Ериона Рушити.
Триесетишестгодишната Малиќи го освои првото место на фестивалот што го организира албанската државна телевизија „Фест ‘57“. Редовно победникот на овој фестивал е претставник на земјата на Евросонг.




