МК Сцена
Општина Аеродром: Почнува фестивалот „Гола месечина“
Со претставата „Стјуардеси“ од Марк Камолети, а во режија на Синиша Евтимов вечер почнува вториот Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“.
Годинава фестивалот ќе се одржува до 30 јуни на фудбалското игралиште до детската градинка „Сонце“ во Реонски центар Аеродром. Граѓаните ќе можат бесплатно да погледнат девет театарски претстави, со почеток од 21 часот.
На програмата се претстави од Македонија, гостуваат Струмичкиот, Велешкиот и Прилепскиот театар. Ќе има две претстави од Драмскиот театар од Скопје и две претстави од Босна и Херцеговина, едната независна продукција од Сараево, а втората е театарот од Тузла.




