Музика
Утре големо финале на Икс Фактор Адриа: Џејмс Артур ќе настапува во Комбанк Арената
Утревечер во Белград, во познатата Комбанк Арената ќе се одржи суперфиналето на втората сезона на музичкото шоу Икс Фактор Адриа.
Во финалната емисија за победа ќе се борат шестмина, меѓу кои и нашиот претставник, Боби Мојсовски. Освен титулата Икс Фактор ѕвезда, миленикот на публиката ќе освои и парична награда во износ од 20 илјади евра.
Покрај настапите на финалистите, нѐ очекуваат и многубројни изненадувања, со оглед на тоа дека покрај светската ѕвезда Џејмс Артур, ќе настапат и други специјални гости.




