Промо
Ординацијата „д-р Анчевски“ го одбележа јубилејот со над 70.000 задоволни пациенти
Пред една деценија, дерматолошко естетската ординација „д-р Анчевски“ започна со работа поставувајќи си цел постојано да наметнува повисоки стандарди во своето професионално поле, а како резултат на тој пристап стручниот тим зад себе има повеќе од 70.000 задоволни пациенти од земјава и од странство.
Податоците говорат дека 7000 луѓе годишно во просек 30 до 40 пациенти секој работен ден минуваат низ ординацијата и прават прегледи и третмани од областа на дерматологијата, естетско-козметичка дерматологија и дерматохирургијата. „д-р Анчевски“ вчера (вторник, 15 декември) во Light Cafè во Скопје го одбележа јубилејниот 10-ти роденден и по тој повод ги изненадува своите пациенти со третмани по промотивни цени. Воедно се збогатува палетата со нови ласери меѓу кои и оној за остранување на тетоважи кој првпат се носи во Македонија.
Стручниот тим е составен од тројца специјалисти дерматовенеролози кои се имаат обучувано во познати светски центри и постојано се надоградуваат во своето професионално поле. Ординацијата се состои од три дела: центар за дерматовенерологија, естетско корективна дерматологија и центар за нега и третмани на коса со дерматохирургија. Во изминатите 10 години, „д-р Анчевски“ воведе техники кои беа и останаа единствени во Македонија.





