МК Сцена
Пуштени во продажба нови билети за концертот на Љубојна во „Борис Трајковски“
Горила продукција ценејќи дека интересот за концертот е голем, во продажба пушти нови 460 ВИП билети за седење веднаш пред бината, поради големиот интерес за седечки билети. Новите билети се на најубава позиција во Арена Борис Трајковски и чинат по 500 денари.
Интересот и очекувањата од овој пред новогодишен концерт се големи, се очекува Љубојна и виртуозите Влатко Стефановски, Исмаил Лумановски, Џамбо Агушев и Васил Хаџиманов да приредат незаборавна вечер која мора да се проследи.
Концертот ќе се одржи на 17. Декември, во четврток, со почеток во 20,30 часот во Арената Борис Трајковски.




