МК Сцена
Осуда до телевизија Пинк за маратонското финале на „Ѕвездички“
Гледачите од регионот шокирани и згрозени – телевизија Пинк реализираше маратонско финале на детското шоу “Пинкови ѕвездички” кое траеше неверојатни 7 часа, односно од 21 часот до 4 часот наутро, пренесува порталот ТВ Пакет.
Неколку пресеци, исфрлања и постојано пеење беше концептот на финалето, за кој Новосадската новинарска школа дури поднесе и приговор до српскиот Совет за радиодифузија со барање да се казни тв Пинк поради грубо кршење на детските права и професионалните стандарди.
Со приморувањето на деца да се натпреваруваат до доцна во ноќта, Пинк прекршила неколку одредби како што се член 77 од Законот за јавно информирање и медиуми, член 68 од Законот за електронски медиуми, член 5 став 4 од Кодексот на новинари на Србија и дел од Кодексот за деца и медиуми.




