МК Сцена
Песната „Македонско девојче” полни 50 години
Македонското девојче по кое е настаната познатата истоимена песна на Јонче Христовски денеска слави 50 години. На јубилејниот роденден на македонското девојче – Невенче, нејзиниот сопруг, Зоран Росоманов направи реиздание на песната изведена во несекојдневен стил.
Малкумина ја знаат приказната за раѓањето на „Македонското девојче”. „Татко“ на оваа прекрасна македонска песна е бардот Јонче Христовски. Тој бил чест гостин во семејството на Виолета Томовска, со која и самиот соработувал. На една од тие средби, кога ќерката на Виолета – Невенка, го славела својот прв роденден, настанала токму оваа песна, тогаш за прв пат изведена од Томовска и Кирил Манчевски.
Ете тоа македонско девојче, Невенка Томовска Росоманова, денеска слави 50 години.



