МК Сцена
„Песнички за деца и возрасни“- нов албум на Дубиоза Колектив
Поминаа четири години од последното дискографско издание на бендот, а песните од последниот албум „Апсурдистан“ го обиколија целиот регион и речиси пет години се неизоставен дел од нашето секојдневие.
Таму каде што застана „Апсурдистан“, продолжува новиот албум. „Песнички за деца и возрасни“ е насловот на албумот кој ни носи девет песни.
Веќе ни стана јасно со првите две песни, „Химна генерације“ и „Треба ми зрака“, дека се подготвува нешто интересно. Обете песни ги освоија слушателите, додека на „Youtube“ каналот имаат остварено милиони прегледувања.




