МК Сцена
ПИНК ЅВЕЗДИЧКИ: Со „Во коси да ти спијам“ малата Драгана Јовановска на чекор до финале (ВИДЕО)
Малечката ѕвездичка Драгана Јовановска од Куманово е првата Македонка која го помина седмиот круг од српското талент шоу „Пинк Ѕвездички“, пишува ТВ Пакет.
Во најновата емисија, емитувана вчеравечер во земјите низ регионот, Драгана ја отпеа легендарната „Во коси да ти спијам“ од Тоше Проески, но во преработениот аранжман и верзија од симпатичниот женски квартет „Фрајле“.
Нашата ѕвездичка настапи на сцена во придружба на девојките од две денс студија и освен со пеењето, изненади и со играњето.





