МК Сцена
ПИВОЛЕНД НА КАЛЕ: 5 причини за да го посетите фестивалот на пивото во Скопје
Вечерва во Скопје започнува фестивалот на пивото „Пиволенд“, а ние ви нудиме пет причини повеќе за да го посетители овогодишниот фестивал.
1. Дегустација на над 150 видови пиво. На 20-те пивски штандови ќе имаме можност да пробаме над 150 видови пиво, а од пиварите најавуваат акциски промоции на одредени продукти. Од официјалното пиво на Барселона, до домашни пченични пива на првата крафт македонска пивара, најдоброто германско пиво Лефе, македонските Староградско, Златен Даб и Македонско, Гинис, Пауланер, Корона, па се до пивски коктели за првпат на нашиот пазар.
2. Три музички стејџа за сите музички вкусови. На првиот дел од фестивалот ќе уживаме во одлична музика. Од 18:00 на главната сцена ќе свират победниците од натпреварот за млади бендови: The Chicks иThe Planctons. По нив следуваат Блек енд Вајс Социал Клуб, Влатко Илиевски и Акустик Дивижн, Рибља Чорба и за крај дј атракцијата – Дуоз. На Бла Бла стејџот со почеток од 20:00, ќе слушаме андерграунд македонска музика, а на електро стејџот тројца одлични надежни диџеи.




