МК Сцена
Пиволенд прераснува во „Skopje Beer Fest“
Оваа година традиционалниот „Гурмански викенд во Скопје – Пиволенд“ со нов концепт, ново интернационално име „Skopje Beer Fest“, нова локација, како и нови културно забавни содржини за љубителите на пивото.
„Skopje Beer Fest“ ќе се одржи од 20-ти до 22-ри септември на стадионот на Армијата во Градски парк, а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.
“Skopje Beer Fest“ оваа година на посетителите ќе им понуди различни видови на пиво од Македонија и светот, атрактивна сцена за артистите, богата локална кујна, одлична музичка програма, како и голем број забавни активности.




