МК Сцена
„Статуафест“ на улица „Македонија“
Живи статуи од Шпанија, Бугарија, Србија, Украина и Македонија ќе учествуваат на фестивалот „Статуафест – другото лице на улицата“ кој денеска и утре од 18 часот до полноќ ќе се одржува на улица „Македонија“ во организација на „Театроск“.
– Она што го прави овој фестивал поразличен од останатите е неговиот формат, односно живите статуи кои ќе го разубават градот и ќе ја покажат специфичноста на оваа професија пред македонската публика, соопшти „Театроск“, кој повеќе од десет години се занимава со живи статуи и на фестивалот ќе ја презентира и својата продукција.





