МК Сцена
ПЛАТИ КАФЕ СО ПОЕЗИЈА: Македонија по трет пат дел од глобалниот настан
Трета година по ред Македонија повторно е дел од глобалниот настан „Плати со поезија“.
По повод Светскиот ден на поезијата, Јулиус Мајнл неминовно и овој пат ќе се потруди да го разбуди поетот во секого, во вкупно 36 држави и во над 1.400 кафетерии низ целиот свет.
Овогодишната еуфорија освен во Скопје, се проширува и во Велес, каде настанот ќе се одбележи на дури девет локации. „Плати со поезија“ има за цел да го поттикне поетскиот дух кај сите, кога секоја година на ист датум се подарува уникатна можност испиеното кафе или чај да се плати со поезија – извор и валута на најуникатните човекови емоции.




