МК Сцена
По три години пауза Ѓорѓе Балашевиќ повторно во Скопје
Големо задоволство ни е да ви најавиме дека по пауза од три години, човекот на кого навистина не му е потребна никаква реклама и човекот на кого навистина не му се потребни никакви артибути и суперлативи во најавата- Ѓорѓе Балашевиќ, доаѓа да одржи концерт за којшто сите знаеме дека ќе биде уникатен.
На 19ти мај, во 20 часот, ВИП Арената „Борис Трајковски“ како и секогаш ќе биде преполна со фановите на Џоле којшто тој ги нарекува „бистроооки“, не само од Македонија, туку и од цела поранешна Југославија, бидејќи има многу луѓе коишто го гледаат на сите негови концерти.
Во рамки на последната турнеја во која беа навистина во рекордно време распродадени сите арени во регионот: загребската, белградската, „Зетра“ во Сарајево, „Спенс“ во Нови сад и други, Авалон Продукција се потруди да го донесе Балашевиќ во Скопје, во веројатно најубавиот месец во годината, месец мај, со желба убавите денови во 2018 година да бидат помногубројни од просечните.




