Сцена
Почина фронтменот на легендарниот бенд „Моторхед“
На 71-годишна возраст почина фронтменот на легендарната британска група „Моторхед“, Иан „Леми“ Килмистер, објави бендот на својата интерент страница.
Во соопштенето се наведува дека Килмистер починал во неговиот дом, при што се повикуваат обожавателите гласно да пуштаат песни на групата и да испијат неколку пијачки во негова чест.
– Не постои едноставен начин да го кажеме ова… Нашиот моќен и благороден пријател Леми почина денеска по кусата борба со екстремно агресивниот рак. Не можеме да искажеме колку сме шокирани и тажни. Не постојат зборови за тоа. Славете го животот на овој прекрасен човек, како што тој и самиот правеше. Тој би го сакал токму тоа. Иан „Леми“ Килмистер 1945-2015. Роден да губи, живееше да победи, стои во соопштението на „Моторхед“, објавено синоќа.




