МК Сцена
Почина Љупка Димитровска (ВИДЕО)
По кусо и тешко боледување вчера во Загреб почина една од најголемите македонски пејчки ѕвезди од 70-те и 80-те години на минатиот век, Љупка Димитровска.
Димитровска е родена на 25 јули 1946 гиодина во Скопје, но последните неколку децении од својот живот ги мина во Загреб.
Таа беше една од најпопуларните пејачки во поранешна Југославија. Нејзиниот прв албум насловен „Љупка“ е објавен во 1975 година. Некои од нејзините најпознати хитови беа „Адио“, „Твоја барка мала“, „Ѕвона ѕвонат“…



