МК Сцена
Деветто „Ѕвездено небо на Тоше“
На плоштадот „Македонија“ во Скопје вечер од 20 часот ќе се одржи деветтата манифестација „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ која ја организира фан-клубот на Тоше.
Манифестацијата се одржува од 2008 година во чест и сеќавање на последниот концерт на македонската музичка легенда Тоше Проески (1981-2007) и оттогаш секоја година на овој датум на плоштадот во главниот град се пеат неговите песни.
На 5 октомври 2007 година Тоше го одржа последниот концерт на Градскиот стадион во Скопје, кој беше хуманитарен и во соработка со УСАИД наменет за подобрување на условите во училиштата.




