МК Сцена
Почна манифестацијата Велешка питијада 2015
Во организација на Општина Велес, со поддршка на бизнис секторот, вечерва почна традиционалната 12. Питијада. Манифестацијата ќе трае до недела, а ја отвори градоначалникот Славчо Чадиев. Тој ги покани сите љубители на пастрмајлија и на македонските вина викендов да дојдат во Велес.
Велешката питијада се одржува на главната улица „Благој Ѓорев“ во новиот дел на Велес, на потегот од пред гимназијата „Кочо Рацин“ кон новиот кружен тек кај „Авона“, каде се поставени штандови на 37 угостители и производители на вино од Велес и Повардарието.
Како што информира Чадиев, Општината ја постави најголемата бина на која ќе настапат 20 естрадни ѕвезди од Македонија и странство.




