МК Сцена
Подгответе се за „Пиволенд 2015“: Ова е изборот на пива кои ќе можете да ги пробате оваа година!
Од пива кои ги правеле баварски калуѓери па се до официјалното пиво на фудбалскиот клуб Барселона. Понудата е голема и разновидна.
Фестивалот на пивото- Пиволенд е одлична прилика да пробате нешто ново доколку сте љубител на најпопуларниот алкохолен пијалок во светот, а трет на листата на сите пијалоци, веднаш после водата и чајот. Оваа година изборот на пива е зголемен за уште две нови македонски пивари, но и голем број пива од разни страни на светот.
