МК Сцена
Помалку од еден месец до големиот концерт на One Republic во „Борис Трајковски“
Уште помалку од 30 дена до големиот концерт на One Republic во Скопје – групата која го покори целиот свет и ги освои сите светски топ листи со третиот албум „Native World“ и сингловите „Counting stars“, „If I Lose Myself“, „I Lived“.
Тоа што му дава навистина сензационална нота на овој концерт во Скопје е фактот што не само што доаѓа бенд со продадени повеќе од 5 милиони примероци од своите албуми како и повеќе од 9 милиони синглови, туку за првпат во Македонија доаѓа бенд кој што промовира актуелен албум кој бил на врвовите на светските топ листи од обете страни на атлантикот и во Америка и во Европа како што е случајот со албумот „Native World“, што ако не се лажеме досега се нема случено со ниту едно гостување на некој од артистите во нашава земја.
Кога е пак во прашање вртењето по радио станиците и телевизиите насекаде низ светот па и во Македонија со актуелните синглови како што се „Apologize“, „Counting stars“, „If I Lose Myself“, „I Lived“, тука навистина се е кристално јасно – One Republic се дефинитивно најактуелениот поп – рок бенд во светот во моментов.




