МК Сцена
Променет датумот на одржување на тројниот концерт на Илиќ, Брунлиќ и Лончаревиќ
Тимот задолжен за организацијата на тројниот концерт на Мирослав Илиќ, Зорица Брунцлиќ и Xенан Лончаревиќ известува дека наместо на 4 декември, како што веќе беше најавено, концертот ќе биде одржан во нов термин.
Локацијата останува иста – арена “Борис Трајковски”, но датумот од оправдани причини ќе претрпи промени.
Причините заради кои дојде до промена на датумот се од приватна природа на еден од изведувачите, па заради тоа ве молиме за разбирање.




