
Промо
Боби не се колебаше и спакува ХИТ! (ВИДЕО)
Боби не се колебаше и спакува ХИТ! (ВИДЕО)
„Не оклевај“ така се вика новото музичко парче од работилницата на тимот на Боби Павловски. Станува збор за брза тема која, вели Боби, треба да ја разбие летаргијата во која западнавме во оваа корона пандемија.
И овој пат Павловски се држи до правилото – тимот кој победува не се менува, па затоа и за оваа нумера работеше со екипата која беше задолжена и за претходните композиции отпеани на српски јазик („Заблуда“, „Самица“).
„Не сакав да експериментирам, особено затоа што во оваа екипа наидов на луѓе кои знаат да го препознаат она нешто во мене и она што ми се допаѓа. Мислам дека имам моќна тема и едвај чекам да дојде денот да ја отпеам пред мојата публика, онака што се вели во живо“, вели Павловски.



