ТВ-серијата „Зоки Поки“ ќе се гледа во Шведска
Наскоро, Швеѓаните ќе се забавуваат со авантурите на култниот македонски лик, Зоки Поки. Десетте епизоди од истоимената ТВ-серија ќе се емитуваат ексклузивно на Шведската национална телевизија „SVT“, односно на нивниот специјализиран канал за детска програма „SVT Barn“.
„SVT“, шведскиот еквивалент на „МРТВ“, е најшироко распространетата телевизија во Шведска и истата има најголем опсег на програми од сите телевизии во земјата. „Зоки Поки“ е првата македонска серија и воопшто програма од овие простори што некогаш се емитувала на оваа телевизија.
Зоки Поки, Лидија, Гоки и Боки ќе зборуваат на шведски, а преку нивните забавни и поучни искуства ќе се зајакнуваат вредностите на едукација, родова еднаквост, диверзитет и квалитет кон кои се стреми Шведската национална телевизија.




