DERUN MUSIC во склоп на Intermezzo Music Rituals – незаборавна скопска журка по рецепт на оние од „Скорпиос“ – Миконос!
Во петок, во рамки на музичкото патување под мотото Intermezzo Music Rituals гостуваат DERUN MUSIC – диџеите на „Скорпиос“, кои со себе ја носат вибрацијата на островот Миконос, а во Скопје ни доаѓаат по одличната, минатонеделна забава со неповторливиот Lannka, чиј настап уште долго ќе се прераскажува.
„Скорпиос“, инаку го носи епитетот за најдобар бар на плажа во светски рамки, а како таков неговата музичката програма jа сочинуваат најдобрите артисти во deep house, down tempo, folkoric sounds и ancient rhythms звуците.
Тимот на Intermezzo Music Rituals се погрижи и овој петок да доживееме ново музичко патување, овојпат со безвременските артисти DERUN. Како што за себе знаат да кажат – тие не веруваат во перцепцијата на времето. Како честичките од прашина што се трансформираат низ целиот космос, нашиот inner self патува наоколу со нив и се трансформира и развива во овој голем океан. Целта на DERUN е да ја трансформира приказната за нашиот универзум со музиката, комбинирајќи честички од прашина за да изгради нови аспекти бидејќи музиката е различна од гласовите. Сетовите на DERUN се концентрирани на софистицирана и мултикултурна електронска музика во која преовладува длабоко ниво на експресија кое ќе ве понесе да танцувате како никогаш досега.




