Промо
Нова, различна и модерна: Погледнете ја Дани Димитровска во новиот спот (ВИДЕО)
Дани конечно се враќа на своето. По албумот „Град за љубов“ со поп-џез призвук, една од највредните пејачки на нашата естрада се враќа на својот претпознатлив рок-стил и ви го претставува најновото музичко остварување од „купчето“ нумери кои допрва ќе ги слушнете.
Новата рок-тема носи наслов „Четири ѕида“ и очекувано како автори се потпишуваат брачниот тандем Весна Бабамов Малинова и Кирил Бабамов, кои всушност својот потпис го ставаат на речиси целиот музички опус на Дани.
– „Четири Ѕида” е емотивен расказ во мелодија, споделено искуство, исповед. Преживеани изџвакани комуникации барем еднаш во животот помеѓу партнери, родители и деца, брат и сестра, кој како ќе се пронајде. Секогаш се пронаоѓаме кога зборуваме вистина. Љубов е суштината. Секогаш. Во секоја песна, па и во оваа – вели Дани.




