Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Јордан Митев го промовира спотот на новата песна „За тебе“ (ВИДЕО)

Промо

Јордан Митев го промовира спотот на новата песна „За тебе“ (ВИДЕО)

Јордан Митев го промовира спотот на новата песна „За тебе“ (ВИДЕО)

„За тебе“ е насловот на песната за која Јордан Митев промовира спот. Со спот снимен во Милано, за песна која има помодерен фолк звук, нашиот пејач ги најавува и останатите новитети кои престојниов период следуваат на музички план.

Комплетен автор на песната е самиот Митев, а видеото е работено со „BY ZATY“.

– За оваа песна планирав неколку месеци наназад да снимам видео запис, но поради обврските, како што и најавив тогаш, решив тоа да почека до сега, кога еве и се случи промоцијата. Спотот го снимавме во Милано, бидејќи самата песна и нејзиниот помодерен звук го дозволуваа тоа. Исто така се пее за љубовта, па затоа овој град беше идеална локација за да се снимаат кадрите за спотот. Освен сето ова, исто така време е да покажеме дека и нашиот фолк може да ги следи модерните трендови, доколку тоа знае добро ад се направи и спакува. 

Јордан додава дека освен традиционалниот пристап кон фолкот, професионалците треба да се позанимаваат и со нешто што е својствено за 2019-та година, за да повеќе се доближат до помладата публика.

Дека престојната есен ќе биде богата на музички план за нашиот пејач, говори и најавата за најновата песна „Роден крај“, чија премиера ќе се случи за неколку дена, а повторно како автор се јавува самиот Митев. Во најава е и снимање на спот за истата, како и турнеја во Австралија која ќе трае месец и половина.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.