Промо
„Кажи ми, кажи Вардаре, колку ли солзи криеш ти“: Лозано со уште едно маестрално дело! (ВИДЕО)
По подолга пауза поради пандемијата со коронавирусот, нашата најголема машка музичка ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано конечно реши да ја објави својата најнова песна.
„Вардаре“ е насловот на новата нумера, за која сме сигурни дека ќе биде само уште еден бисер во низата хитови.
Се разбира, автори на ова дело се тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, додека пак режисер на видеото е Даниел Јовески, кој и овојпат направи приказна која ќе допре до секој од вас.



