Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Наскоро стартува „Голден Карпет“ на Канал 5

Промо

Наскоро стартува „Голден Карпет“ на Канал 5

Наскоро стартува „Голден Карпет“ на Канал 5

Во првата половина од месец април ќе започне со емитување новата емисија на Канал 5 телевизија која ќе го носи името „Голден Карпет“. Акцентот на овој телевизиски формат ќе биде ставен нормално на домашната ,но и на балканската и светска музичка сцена.

Освен најпознатите музички имиња,ќе гостуваат и најпопуларните политичари,спортисти и актери,кои дефинитивно ќе ги запознаете од еден друг агол од нивниот живот.

Водителски тандем на овој проек ќе бидат Миро Кацаров и Ведрана Ѓорѓевиќ, добро познати телевизиски имиња кои после долги години работа на други проекти конечно ќе го здружат силите и ќе бидат ваши домаќини во „Голден Карпет“.

„На домашната телевизиска сцена недостасува забавна програма од ваков тип. Во моментов за жал живееме во еден хаос, пандемијата со коронавирус си го зема својот данок, се е на стенд бај, па така и социјализацијата и позитивната енергија, но ние преку овој проект ќе се потрудиме истата да ја вратиме во вашите домови затоа што и тоа како ни е потребна на сите. Сигурен сум дека „Голден Карпет“ и Канал 5 телевизија ќе го разбијат ова сивило што се случува, ветуваме дека ќе имаме само теми од забавен карактер и тврдам дека истите ќе го задржат вашето внимание“, рече Миро кој повеќе од седум години беше дел од тимот на „Бекстејџ“.

Ведрана Ѓорѓевиќ, пак, која јавноста ја запозна преку форматот „Тротоар“ после после подолга медиумска илегала повторно се враќа пред ТВ – екраните

„Со Миро правиме одлична приказна, целта е да внесеме малце сонце во ова сивило и да излеземе од секојдневното заточеништво. Кога ми се јави Миро да правиме нешто заеднички знаев дека е вистинско време да се вратам на ТВ после 5 години, сите коцки природно се поклопија и универзумот се согласи. Очекувајте само позитива ништо помалку од нас, и многу интересна содржина. Животот е прекрасен, па зошто да не го живееме така…“ – вели Ведрана.

Наскоро ќе бидат објавени и официјалните термини на „Голден карпет“, а она што тимот ви го ветува пред самиот почеток на испишувањето на оваа нова приказна е одлична забава и позитивни вибрации.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.