Концерт со Вадим Глузман, еден од најдобрите виолинисти
„Меѓу срцето и умот“ е насловен концертот во четврток на кој ќе настапи исклучителниот руски виолинист Вадим Глузман, кој важи за еден од најдобрите инструменталисти на светската музичка сцена.
Вадим Глузман на 16 години се преселил во Израел каде учел виолина кај славниот Исак Штерн. Свири на исклучителен инструмент „Страдивари“ кој некогаш му припаѓал на големиот унгарски виолинист и педагог Леополд Оер.
–Неверојатно добро е да се свири на инструмент, чиј звук го имале предвид Чајковски и Глазунов кога си создавале своите виолински концерти. Овој исклучителен инструмент на своите часови го слушале колосални виолинсти како Јаша Хајфец, Нетан Милстајн и Миша Елман. Тоа за мене е апсолутно инспиративно и посебно. Чувствувам како да се затвора историскиот круг и во исто време како да го пренесум факелот кон новите генерации кои допрва доаѓаат.




