Лозано објави нов летен хит на еден пред неговиот голем концерт во Охрид (ВИДЕО)
На само еден ден пред неговиот голем концерт закажан за на 2-ри август на стадионот “Билјанини извори” во Охрид, најголемата музичка ѕвезда во Македонија, Влатко Лозаноски – Лозано ја објави новата песна.
“Не те вадам од памет” е насловот на летниот хит, а се разбира и овој пат како автори се потпишуваат тандемот Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска.
За новата песна, Лозано сними и видеоспот на кој како режисер се потпишува Даниел Јовески. Спотот е снимен на неколку локации во земјава, а покрај Лозано во него главната улога ја има и една од најубавите девојки во Македонија, Мартина Михајловска.




