Промо
Македонија го доби својот прв домашен вистински трибјут бенд: Вака изгледа и звучи „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“
Откако повеќе не постојат или стануваат се понедостижни да се видат собрани заедно во нивните оригинални постави, стана пракса легендарните светски бендови, но и оние од некогашните ЈУ простори да добиваат свои „реплики“. Или што би рекол некој: „копии верни на оригиналот“.
Сите насловени како „Tribute“ (почит) кон: Queen, AC-DC, Led Zeppelin, Pink Floyd, ZZ Top… или некогаш „нашите“: ЕКВ, Азра, Забрањено пушење… И уште дузина други легендарни бендови кои се дел од светската и балканската рок историја. Сеќавањето на нив го враќаат освежувајќи ни ги емоциите токму ваквите Tribute бендови кои буквално не само што во тон ја симнале музиката на оние, кои веројатно биле и нивни идоли, туку се трудат и физички што повеќе да личат на оригиналните членови на тие групи. И во изгледот со помош на мејкап, перики, разни маски, и во облекувањето, но секако и во однесувањето на сцената, симнувајќи го секое движење, секој гест, секој изговорен збор на „главните јунаци“ од нивната рок ен рол приказна кои тие ги „глумат“ на сцената.
Вакви „трибјут бендови“ бендови однадвор доаѓале во неколку наврати и во Македонија, најмногу во Скопје (Queen, David Bowie, Pink Floyd, ЕКВ, Азра…), но вистински македонски трибјут бенд на некоја група до сега не сме имале. Многумина пееле и свиреле песни од овој и оној, но никој не направил група која исто ќе свири, пее, изгледа, се облекува и се однесува како некоја од оние, големите, легендарните… Односно би била нивна „верна реплика“. Се’ до сега, или поточно до пред две години, кога идејата да се направи македонска верзија на најголемиот рок ен рол бенд во некогашна Југославија, легендарните „Бијело дугме“, ја преточија во стварност група наши музичари форммирајќи го проектот: „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“!



