Наум Петрески со нова песна ја најави турнејата во Австралија
Наум Петрески сними нова песна со наслов „До зори“.
И овој пат инспирација за песната се кафеаните и дружењето со пријателите кои долги години се секојдневие во животот на големиот боем и „грло ненапеано“ Наум Пертрески. Текстот и музиката за песната ги напиша Блаже Темелков, а аранжманот е на Дарко Тасев. Песната е снимена во студиото Анастасија.
Гласот на Наум Петрески, веселиот и брз ритам на песната која е снимена со еден од нашите најдобри блех оркестри мајсторите на трубата УСКА КАН кои се добитници на златна труба на интернационалниот трубачки фестивал во Гуча ветуваат хит кој ќе ги освои срцата на сите љубители на добриот звук и веселата песна.




