Концертна промоција на вториот албум на „Рона Нишлиу квартет“
Концертна промоција на вториот албум на „Рона Нишлиу квартет“, насловен „Миндил“ ќе се одржи на 20 мај (понеделник) во 21 часот во салата на Македонската филхармонија, во организација на Културно-информативен центар-Скопје.
Музичкиот албум вклучува десет песни од стотици години музичко наследство, звуци што ја препознаваат креативноста на оваа територија, особено мелодични, лирски и весели нијанси.
Внимателно избрани музички содржини што ги спојуваат најубавите песни на албанскиот мелос како: „Бареша“ на Реџо Мулили, „Ме луле те букура“ на Тиш Даја, „Мој е мира те појата“ во верзијата на групата „МАК“ од Митровица, „Маленџими“ и многу други.




