Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Не игнорирај ме, дезинфицирај ме“ – социјалните мрежи „горат“ по премиерата на новата песна на Сања Барбика (ВИДЕО)

Промо

„Не игнорирај ме, дезинфицирај ме“ – социјалните мрежи „горат“ по премиерата на новата песна на Сања Барбика (ВИДЕО)

После само два дена од објавувањето на видеото за темата „Ковид и с*кс“ на Сања Цинцева – Барбика коментарите на социјалните мрежи не стивнуваат. Стиховите „ не игнорирај ме, дезинфицирај ме, мери ми топлина кога ме облива, дегустирај полека, немој на екс…може да е опасно ковид и с*кс!“ на големо се коментираат, а Сања вели дека токму тоа и била и првичната цел и намера кога почнала да ја работи песнава. 

„Наменски избрав да пеам за ваква тема, знаев дека ќе има коментари и тоа ми беше и целта. Бројот на прегледи расте вртоглаво од ден во ден, тоа значи дека сме погодиле директно во центар и сме завршиле добра работа, и јас, и мојот тим“, откри убавата струмичка барбика која отсекогаш знаела како да ја заинтигрира јавноста. 

„Ковид и с*кс“ ја потпишуваат Дејан Момировски и Борче Нечовски, за спотот беше задолжен Дарио Јанковиќ, а докторот во кадрите од видеото кој за дезинфицира Сања е манекенот Димче Димчевски. 

„Видеото е шарено, динамично, кореспондира со стиховите кои ги пеам. Песната е летна, певлива, влегува во уво на прво слушање“, додаде Сања која веќе има целосна закажана агенда на настапи за ова лето.

„Полека се се’ враќа во нормала, јас запеав за ковид и „магично“ почна да го снемува“, се пошегува атрактивната пејачка. 

Видеото за „Ковид и с*кс“ можете да го погледнете во продолжение:

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.