Промо
НОВ ЛЕТЕН ХИТ: Лила Филиповска и Филип Пешевски ја промовираа „Тешко мене со тебе“ (ВИДЕО)
Во присуство на голем број познати личности од естрадата и новинари, во стилот на холивудските гламурозни настани, познатата македонска водителка Лила Филиповска го промовираше дуетот со младиот пејач Филип Пешевски, насловен „Тешко мене со тебе“.
Промоцијата се одржа во елитниот скопски локал „Ми каса“, а настанот беше придружен со голем огномет, балони и специјални ефекти.
Пешевски се јавува и како автор на музиката и текстот, а аранжманот е на Роберт Билбилов.






