Нов, заеднички аранжман на познатата народна песна „Јовано, Јованке“
Познатата народна песна „Јовано, Јованке”, под продукциската палка на искусните и докажани Маурицио Абени и Марко Страчони од Италија, доживеа нов аранжман.
Безвремената песна, музички ја интерпетираа современиот гудачки состав „Destiny Quartet“ од Софија, Република Бугарија и Дуото „Александар&Дац“ (омилени на бугарската публика со песната „Корона Чао”).
Со посебна жар, „Јовано, Јованке“ ја свират прекрасните дами од квартетот „Destiny” кои, преку магијата на своите гудала ги повикаа гласовите на популарното дуо „Александар&Дац“ и заедно создадоа љубовна магија.





