Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Обезбедете ги најдобрите места на „MAC“ – Почна продажбата на влезниците по промотивни цени

Промо

Обезбедете ги најдобрите места на „MAC“ – Почна продажбата на влезниците по промотивни цени

Уживајте во настапите на своите омилени регионални ѕвезди од близина – обезбедете си ги најдобрите места на Music Awards Ceremony на 27 јануари во Штарк арената во Белград!

Продажбата на ограничен број влезници по промотивни цени почна денес на страницата www.tickets.rs, а Ultra Fan Pit, Exclusive VIP и VIP Lounge платформите ќе ви овозможат овој музички спектакл да го доживеете на потполно поразличен начин.

Ultra Fan Pit влезницата обезбедува најголема близина до ѕвездите – стоечки места во рамки на главната бина на која се изведуваат настапите. За оние кои сакаат да седат на маси во непосредна близина на бината, најдобар избор се Exclusive VIP влезниците.

VIP Lounge ви овозможува за себе и своите пријатели да обезбедите пакети од 4 или 8 влезници за места на издигната ВИП платформа. Промотивните цени моментално важат и за влезниците на места на трибините.

MAC манифестацијата и овој пат ќе има хуманитарен аспект, а организаторите Скајмјузик и ЦЕБЕФ дел од својот приход од секоја продадена влезница ќе издвојат во хуманитарни цели.

Церемонијата неодамна доби престижно меѓународно признание БЕА за Музички настан на годината, а во 2020 добива засилување, па освен Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора, во неа ќе учествува и Словенија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.