Горан Тодоровски направи нов, двоен албум за 25 години кариера
Да се соберат 25 години работа, во двеипол децении да се спакува живот, имагинација, творештво но и занает- на нов, двоен албум, како што тоа го направи Горан Тодоровски, навистина заслужува длабок наклон.
Осмиот студски албум на Тодоровски – „Една по една“, достојно на јубилејот го има проверениот тим: Сашо Ливрински, Дејан Миленковски, Огнен Неделковски, Орце Зафировски и Ице Беличев, со кој се создавани песните.
Албумот, не само во композициска смисла туку и во однос на она што би требало да направи на заспаната фолк сцена е создаден од песните: „Срце преполовено“, „Мојот гурбет“, „Лево десно“, „Една по една“, „Кусур од вчера“, „Се до денар ќе потрошам“, „Љубов насушна“, „Црно бела љубов“.., родени да инспирираат, да се врати ренесанса во фолк музиката.




