„Шизни си“ е продолжување на позитивата на абсурдноста
Позитивниот бран на емоции не сака да стивне кај браќата Сапламаеви исто познати и како SAP Brothers. Тие неодамна го извадија своето прво видео со песната „Љубов си ти“ каде што на многу позитивен и хумористичен начин успеаја да ги расположат сите кои што ја слушаа песната и го гледаа видеото.
Во истиот дух SAP Brothers пренесуваат уште една животна приказна со најновата песна насловена како „Шизни си“. Не секому му е лесно да го опише својот живот во 2 до 3 минути. Истото е и со SAP Brothers, Бранко и Влатко. Според Бранко оваа е песна за сите браќа, помали и поголеми. Таа е кратка и јасна и само повикува на насмевка и малку шизнување. Влатко најубаво знае дека после тоа сѐ е полесно.
Оставаме да погодите кој е постариот, а кој помладиот во ова прекрасно видео:




