Промо
Winner – нов сингл на Brass Brothers
По одличниот прием на првиот сингл Inseparable, македонската музичка атракција Brass Brothers на пошироката публика и го претстави вториот сингл од албумот Balkan Mayhem со име Winner.
Winner е нумера која ја носи карактеристичната енергија на Brass Brothers и ќе не потсети на старото “нормално време“ и живите настапи на бендот. Енергична, весела, со динамична ритмика, вокални хармонии, спој на ska, jungle, dnb и reggae стилови, оплеменета со специфичниот егзотичен глас на Z Dimention, Winner ќе ве натера да посакате да заиграте.
Соработката со еден од најдобрите Reggae и Dance Hall изведувачи од Кингстон, Јамајка, Z Dimention (Dwain Williams) на Winner и дава посебна егзотика и ќе овозможи нивната моќна порака: дека љубовта и позитивната енергија прават сите да сме победници, да биде слушната и споделена и на големите светски сцени.



