„Светско, а наше!“ – „Балкан бенд“ конечно со долгонајавуваната премиера на „Железните пари бабини“ (ВИДЕО)
„Светско, а наше“ – барем таков е првиот впечаток на оние кои веќе го погледнаа новиот спот на добро познатата група „Балкан бенд“.
Станува збор за нова песна на момците, а нејзиниот наслов е „Железните пари бабини“ – нешто ново и поразлично од тоа што претходно бевме навикнати да го слушаме од нив.
Темата беше промовирана вчера, а реакциите барем досега се и повеќе од позитивини. Момците велат дека не се многу изненадени од реакцијата на публиката, бидејќи како што велат – дале се од себе и го искористиле својот максимум за да го добијат финалниот производ.




