МК Сцена
Промоција на новиот албум на Жељко Јоксимовиќ во Македонија
Најпопуларниот српски изведувач во моментов и единствениот човек кој што успеа комплетно да ја наполни спортската арена Филип Втори, Жељко Јоксимовиќ, после Хрватска, својата ексклузивна промоција на најновиот албум „Ѕвезда“ ја најави за Македонија.
Албумот со нови 11 песни по цена од 199 денари веќе се наоѓа низ музички продавници во Македонија како и низ продажната мрежа на МПМ.
Она што овој албум го прави посебен е песната со потпис на Лазар Цветковски за која Жељко изјави дека ја испеал на негово огромно задоволство.




